
Две момчиња се удавија, а три во несвест беа извлечени од морето во несреќа што вчера се случи во областа Рана е Хедхун, кај Шенѓин, Албанија.
Според првичните информации, петмината млади пријатели од Косово влегле во морето да се разладат, кога биле зафатени од силни бранови и морски струи. Во спасувачката акција учествувале полицијата, службите за итни случаи, локални жители и лица со џет-ски возила. Сите петмина биле извлечени од морето и пренесени во болница.
За жал, двајца од нив им подлегнале на повредите и последиците од давењето. Според медиумските извештаи, загинатите се идентификувани како Леонид Алија и Џетмир Чопа, двајцата од Косово.
Амбасадорот на Косово во Албанија ги посетил повредените во регионалната болница во Лежа и изјавил дека тројцата преживеани се во добра и стабилна здравствена состојба и се под лекарски надзор.
Албанските власти започнаа истрага за да ги утврдат точните околности што довеле до несреќата, вклучувајќи ги временските услови, јачината на струите и безбедносните услови на плажата во моментот на инцидентот.
Оваа несреќа се смета за една од најтешките морски трагедии во Шенѓин во последните години и предизвика голема тага и реакции во Косово и Албанија.

Македонски


