
Најдобрата светска тенисерка Арина Сабаленка доживеа елиминација во четвртфиналето ан Ролан Гарос и повторно остана без пехарот на овој турнир. Таа во денешниот меч водеше против Дијана Шнајдер со 1-0 во сетови и 5:3 во гемови во вториот сет, но не стигна до полуфиналето.
Сакам да се повлечам од тенисот. Се надевам дека за неколку дена ќе се вратам на вистинскиот пат – психички. Имав шанса се да завршам во вториот сет, но таа „додаде гас“ и почна да игра поагресивно. Не успеав психички да „се вратам“ по вториот сет, тоа беше мојата најголема грешка, изјави Сабаленка на прес конференцијата.
Потоа додаде дека не се сеќава кога последен пат загубила десет гема во серија. Исто така истакна дека и ветрот, кој дувал силно правел проблеми и очекувала покривот на Централниот терен да биде затворен.
Лани во финалето на Ролан Гарос загуби од Коко Гоф.(МИА)

Македонски


