
Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски посетата на Париз ја завршил со средба во македонската амбасада со амбасадорот Игор Г. Николов.
Одлична презентација на македонската култура, интелигенција и историја во француското општество, вели Андоновски за Николов.
Министерот вчера во Францускиот сенат, во рамки на Париз Сајбер Самит 2026, учествуваше на тркалезна маса посветена на градењето сајбер капацитети во земјите од Западен Балкан во услови на постојани и комплексни закани.

Македонски


