Skip to main content

Украински дрон разнесе автобус со цивили, седум луѓе загинаа, а 11 се повредени

Video screenshot

Украински дрон директно нападнал и погодил автобус што превезува цивили во Јенакиево, во Херсонската област под контрола на Русија.

На социјалните мрежи е објавено видео кое го покажува моментот кога украинскиот дрон прецизно го таргетира патничкиот автобус. На снимката се гледа дека во близина немало никаква воена опрема или воени објекти – само цивилни возила што превезувале обични луѓе.

Во нападот загинале седум луѓе, а ранети се уште 11. Сите жртви се цивили, а меѓу повредените е и едно дете.

Гувернерот на Херсонската област, Володимир Салдо, го нарече инцидентот „чист терор“:

Нема воено оправдување за ова. Со напаѓање на автобуси, автомобили и амбулантни возила, украинските вооружени сили се обидуваат да го нарушат мирниот живот и да му ја демонстрираат на Западот својата способност за напад“, изјави Салдо.

Покрената е кривична постапка за тероризам во врска со нападот.

Поврзани вести