Skip to main content

Филмот ќе се снима без парите од Агенција за филм, Слаткар вели: Повторно гледам колку лесно судиме, а половично знаеме или воопшто не знаеме

Документарниот филм посветен за животот на Марко Маринковиќ – Слаткаристика, кој доби поддршка од Агенцијата за филм, ќе се реализира без доделените средства, решиле раперот и екипата зад проектот.

Деновиве читам секакви коментари и вести. И повторно гледам колку лесно судиме, а половично знаеме или воопшто не знаеме. Сакам една работа да биде јасна… ниту барав, ниту мене ми се доделени пари. Поддршка доби документарен филм и еден многу посветен тим кој веќе две години работи на приказна што преку мојот живот зборува за многу повеќе од мене. И искрено сум благодарен на Комисијата од Агенцијата за филм, која ја препозна важноста на оваа тема. Но, не сакам проектот кој зборува за разбирање, прифаќање и поддршка да започне со поделби. Затоа одлучивме филмот да се реализира без средствата доделени од Агенцијата за филм. Продолжуваме понатаму… Заедно со сите наши поддржувачи, соработници и пријатели на кои сум им неизмерно благодарен. И со најважната поддршка од вас луѓето кои ме сакаат, почитуваат и ценат. Светот ќе го чуе гласот на најтивките. Се гледаме на премиера, напиша Маринковиќ на социјалните медиуми.

Поврзани вести