Skip to main content

Истрели во Скопје, пукал кон полицијата оти го застанале

Ноќеска во 01:20 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода А.П.(46) од Скопје затоа што при обид за легитимирање од страна на полициски службеници извадил пиштол и испукал еден куршум кон полициските службеници, соопшти МВР.

По пукањето, скопјанецот се дал во бегство, но по преземените мерки бил пронајден и приведен од страна на скопската полиција, од каде додаваат дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Поврзани вести