Skip to main content

Донација на УНИБанка: Детската клиника Козле доби нов апарат за пациентите со цистична фиброза

УНИБанка донираше парични средства на ЈЗУ Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај децата “Козле” Скопје за набавка на најсовремен медицински  апарат за болните од цистична фиброза.

Оваа донација ќе придонесе за олеснување на неопходната физикална респираторна терапија за децата и возрасните пациенти кои секојдневно се соочуваат со предизвиците на белодробните заболувања, особено оние со цистична фиброза, бронхиектазии, ХОББ и други состојби со задржување на густ секрет во дишните патишта.

УНИБанка отсекогаш била поддршка на локалната заедница и секојдневниот живот на луѓето во Македонија. Веруваме дека вистинските вредности се градат преку грижа, хуманост и поддршка таму каде што се најпотребни. Како општествено одговорна компанија, со особена посветеност поддржуваме проекти кои носат подобар живот и насмевка за децата и семејствата.

Нашата мисија не е само да создадеме квалитетни финансиски решенија, туку и да покажеме човечност, емпатија и искрена грижа за заедницата. Особено сме горди кога можеме да помогнеме во унапредување на условите за лекување и рехабилитација на најмладите пациенти“, изјави Делчо Крастев, Претседател на Управен одбор на УНИБанка.

Овој апарат претставува значајна поддршка во рехабилитацијата и секојдневната терапија на децата со белодробни заболувања и цистична фиброза, бидејќи овозможува поефикасна и помалку заморна респираторна физикална терапија. Неговото значење е уште поголемо бидејќи го добиваме во време кога континуирано се работи на зајакнување и унапредување на техничките капацитети”, изјавија од клиниката.

Ваквите активности УНИБанка ќе ги продолжи и во иднина, со цел да придонесе кон подобар квалитет на живот за сегашните и идните генерации.

Поврзани вести