Skip to main content

Владимир Четкар концертно се  претстави во Будимпешта во најпопуларниот Унгарски  џез клуб, Budapest Jazz Club

Минатата Сабота (30 Мај), Владимир Четкар концертно се  претстави  во Будимпешта во најпопуларниот Унгарски  џез клуб, Budapest Jazz Club. Ова е трет по ред настап на Четкар на ова место во кое  редовно настапуваат некој од најпознатите имиња на европскиот и американскиот џез.

Особено интересно е да се спомне дека на истиот ден и во истиот момент во Будимпешта се одржуваше и големото фудбалско финале  на лигата на шампиони и беше огромен предизвик успешно да се одржи овој концерт токму поради огромната фудбалска еуфорија која владееше во градот. Сепак за среќа се се заврши одлично а концертната сала беше преполна благодарение на верните унгарски фанови кој низ годините внимателно ја следат и подржуваат работата на Четкар преку нивните национални и специјализирани радио станици меѓу кој Petofi Radio, Jazzy Radio и т.н. 

Поврзани вести