Skip to main content

Претставата Театар на сенки „Кокиченце девојченце“ се одигра во НУ Библиотека „Григор Пличев“

Деновиве претставата Театар на сенки „Кокиченце девојченце“, се одигра за првоодделенци ООУ „Григор Прличев“ а во НУ Библиотека „Григор Пличев“ во рамки на програмата „Културата расте со децата“ на Општина Охрид.

Содржината на претставата е едукативна. Присутни се поучни  елементи и моменти од кои детето ќе стекнува претстава за вистинските вредности и ќе гради позитивни ставови кон себе, но и кон другите и околното опкружување.

Во театарската претстава со сенки, кокичето има голема и речиси неостварлива желба да се претвори во вистинско девојче.  После сите перипетии и помошта која ја добива од другарите и пријателите кои случајно ги сретнува и запознава, кокичето успева да стане девојче, но ништо не е така лесно и едноставно како што навидум се чини. Кокичето научува дека сите желби, колку и да се привлечни и восхитувачки на прв поглед, не се толку корисни и убави во реалноста.  Помеѓу другарите и случајните пријатели, во текот на приказната која го следи животот на кокичето, се среќаваат исплашената срна, премудриот еж, чудното добро чудовиште и девојчето Мила кое станува најдобрата другарка на Кокиче. Волшебната Пролет, која ја има клучната улога во приказната, ги разрешува проблематичните ситуации и со неа се поистоветува улогата на родителите кои се катализатори на желбите на децата, но секогаш би требало да бидат насочувачи и поддржувачи на она што е убаво и корисно за децата. За реализација на театарот на сенки беа користени материјали од публикацијата Од приказна до драматизација и театар на сенки „Кокиченце девојченце“од д-р Лили Бошевска која беше автор и уметнички реализатор на театарот на сенки.

Поврзани вести