
Факултетот за ликовни уметности со особено задоволство ја најавува традиционалната 46. ЗАВРШНА ГОДИШНА ИЗЛОЖБА на студентските остварувања за академската 2025/2026 година.
Свеченото отворање на изложбата ќе се одржи на 3 јуни 2026 година (среда), во кампусот Педагошка, а на 5 јуни 2026 (петок) во Сули ан, со почеток во 20:00 часот.
Пред публиката ќе бидат претставени дела на студентите од сите студиски програми на Факултетот за ликовни уметности, создадени во текот на академската 2025/2026 година. Изложбите претставуваат увид во актуелните творечки практики на младите уметници и нивниот развој во различни медиуми и дисциплини.
Во рамки на свеченото отворање ќе бидат доделени и награди на најуспешните студенти.
По официјалниот дел од програмата ќе следува музичка програма со настап на диџеј Modem Priest и музучките бендовите Персеида, Калина Александар.
Факултетот за ликовни уметности ги поканува љубителите на уметноста, културната јавност, медиумите и сите заинтересирани граѓани да ги посетат изложбите и да се запознаат со тековната студентска продукција.

Македонски


