Skip to main content

ВРЕДИ: Децата се темелот на нашата иднина, им должиме подобро утре

unicef

По повод Меѓународниот ден на детето – 1 Јуни, партијата ВРЕДИ упати честитка до сите деца, истакнувајќи дека тие се најголемото богатство на општеството и гаранција за иднината на државата.

Во соопштението, од ВРЕДИ наведуваат дека секоја одговорна политика треба да биде насочена кон благосостојбата, образованието и перспективата на младите генерации.

„Многу години нашите семејства се соочуваа со недостаток на перспектива, слаби институции и услови кои принудија илјадници граѓани да бараат подобра иднина надвор од државата за своите деца“, се наведува во соопштението.

Од партијата оценуваат дека со актуелното владеење започнало „ново поглавје“, при што како цел ја посочуваат изградбата на држава со поквалитетно образование, поголеми можности за младите и институции кои, како што велат, работат во интерес на граѓаните.

Воедно, од ВРЕДИ истакнуваат дека наместо „економија на иселување“, работат на создавање услови за останување, враќање и инвестирање во државата.

„Децата се темелот на нашата иднина и ним им должиме подобро утре. За нив и за нивната иднина ќе продолжиме да работиме посветено и одговорно“, порачуваат од коалицијата.

На крајот од соопштението, ВРЕДИ им го честитаа 1 Јуни на сите деца.