
Општина Чаир денеска ќе го отвори новото издание на традиционалната манифестација „Културно лето Чаир 2026“, која ќе трае еден месец и ќе понуди богата програма посветена на културата, уметноста и традицијата.
Отворањето ќе биде означено со тридневната програма „Денови на децата“, што ќе се одржува од 1 до 3 јуни на повеќе локации – во Старата скопска чаршија, на Плоштадот Скендербег и во дворот на Мурат-пашината џамија.
Програмата започнува на 1 јуни во 17 часот со свечено дефиле на ученици од основните училишта во Чаир, облечени во народни носии и со училишни транспаренти. Поворката ќе се движи од „Зегин“ низ Старата чаршија до Плоштадот Скендербег, по што ќе следува културно-уметничка програма.
Во наредните денови се предвидени бројни настапи на ученици, културно-уметнички друштва и детски групи, вклучително и песни, ора, рецитации, драматизации и изложби на детски ликовни творби.

Македонски


