Skip to main content

Десет дена кино за деца на отворено низ парковите во скопски Центар

Фрипик

Од 2 до 13 јуни 2026 година, со почеток од 20 часот, парковите низ Општина Центар ќе се претворат во кино под отворено небо за сите деца, млади и семејства.

Преку филм, дружба и забава, „Патувачко кино“ на најмладите им нуди едно поинакво културно и едукативно искуство. За оваа намена е снимен посебен македонски детски филм составен од кратки приказни, преку кои децата учат за почит, другарство, култура на однесување и мали навики што прават големи разлики, информира градоначалникот Горан Герасимовски.

Проекциите ќе се одржуваат на повеќе локации низ Центар, а за секое дете Општината обезбеди пуканки и сокче. Првата кино-проекција ќе се одржат во вторник во паркот во Капиштец.

Поврзани вести