
Во рамки на програмата „Македонски филм. На големо платно“ публиката ќе има можност да проследи бесплатна кино проекција на Сестри на Дина Дума.
Проекцијата е закажана за утре, 1 јуни во 19:00 часот во Синеплекс, а влезот е бесплатен.
Филмот „Сестри“ е во режија на Дина Дума, сценарио на Дина Дума и Мартин Иванов, а улогите ги толкуваат Антонија Белазелкоска, Миа Жиро, Марија Јанчевска, Ханис Багашов, Верица Недеска
Филмот е приказна за две млади девојки, Маја и Јана.Растат во типична постсоцијалистичка средина со изместени вредности. Нивното хоби е синхронизирано пливање.
Маја е вљубена во Крис, и на една журка наместо да започнат нормална врска, Елена ѝ го презема дечкото на Маја.
Елена и Крис имаат орален секс на отворено, а Маја и Јана ќе го снимат тој настан со мобилен телефон и ќе го објават на социјалните мрежи. Животот на Елена станува пекол, и по судирот со Маја и Јана се случува страшен инцидент во кој исчезнува Елена. Сите се во потрага по неа, а пријателството на Маја и Јана е доведено во прашање…
Возрасна категорија: 12 години

Македонски


