
Во литературното кафе „Метаноја“ во Скопје на први јуни во 19 часот ќе се одржи возбдудлив музички настан, промоција на албумот „To kongsdØtre“ на Џулијан Мишиќ.
Овој албум (Apollon records) е музички подвиг во кој авторот на музиката и текстот Џулијан Мишиќ (Норвешка / Македонија) прави исклучителен спој меѓу источната (византиската) и скандинавската духовна музика ставајќи ги во главните улоги едни од несомнено највлијателните кралски ќерки од средниот век: Ана Комнена (Византија) и света Сунива (Скандинавија). Патешествието на создавањето и изведувањето, кое е поетично и богато, ќе биде раскажано (а и отпеано) од самиот автор и неговите македонски пријатели кои се и соработници на ова имресивно музичко-поетско дело: Добрила Грашеска и Дориан Јовановиќ. Модератор и рецезент на албумот е Коста Милков од Балканскиот институт за вера и култура. Овој настан одлично се вклопува во одбележувањето на 15 години од основањето на БИВК.

Македонски


