Skip to main content

Најбрзиот и највкусниот сладолед-колач ова лето

freepik

Овој колач е совршениот десерт за викендов – ќе ви ги разубави деновите за одмор и уживање

Состојки:
3 пакувања слатка павлака од 250 мл
10 крем-банани
300 г мелени бисквити
100-150 г крем по желба
300 г кисела павлака


Приготвување:

  1. Изматете ја слатката павлака, додајте кисела павлака и поделете ја на три дела.
  2. Во едниот дел додајте ги мелените бисквити.
  3. Во другиот дел додајте ги крем-бананите.
  4. Во третиот дел додајте го кремот.
  5. Наредете го колачот и оставете го во замрзнувач да се стегне околу 2 часа.

Поврзани вести