
Од Охрид испративме порака за силно партнерство и пријателство со Република Хрватска, со заедничка посветеност кон унапредување на соработката и европската иднина.
Како дел од македонската владина делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски, го пречекавме претседателот на Владата на Република Хрватска, Андреј Пленковиќ, кој престојува во официјална посета на Македонија.
Во рамки на посетата беше одржана и билатерална средба на која се разговараше за унапредување на меѓусебната соработка, поддршката за европските интеграции, како и за економската и политичката соработка меѓу двете земји.

Македонски


