
Во врска со сериозниот инцидент од 25 мај на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“, во близина на Католичката црква, во Скопје каде дел од земјиштето се сруши при ископни работи на градилиште, Министерството за транспорт известува дека согласно позитивните законски единствено надлежен орган е општината Центар.
Имено, согласно закон, општина Центар и нејзините инспекциски служби, за градбите од втора категорија, се надлежни да утврдат дали свлечиштето довело до оштетувањето на патната инфраструктура, канализациската мрежа и уличното осветлување, како и да обезбеди соодветна заштита на граѓаните и нивно безбедно движење во непосредна близина на оштетениот простор. Министерството за транспорт ја повикува општина Центар во најбрз можен рок да постапи согласно надлежностите и да ги расчисти сите наводи околу овој инцидент, велат од Министерството за транспорт.
Свлечиште на земјата настана на 25 мај во општина Центар при вршење на ископ на дупка за изградба на зграда со работна машина багер, при што бил затрупан багерот, но лицето кое го управувало навреме излегло, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Македонски


