
По четири распродадени Белградски арени и големиот концерт во Скопје, Владо Георгиев ова лето се враќа во Македонија со само со еден концерт под отворено небо, ова лето кај нас.
На барање на публиката а по минатогодишната музичка магија во Хераклеја. На 27 јуни на Ракометното игралиште во Битола ќе се одржи уште еден Господски концерт со незаборавните рефрени кои сите ги знаеме.
Ќе ги чуете „Zbogom ljubavi“, „Mi nismo mi“, „Reci mi da znam“, „Iskreno“, „Djevojka za dva minuta“, „Andjele“ и ред други со препознатливиот боемски сензибилитет и музичка елеганција кои го прават Владо единствен на овие простори.

Македонски



