Skip to main content

Клоп посакува Салах да остане во Ливерпул

Поранешниот тренер на Ливерпул, Јирген Клоп изрази желба напаѓачот Мохамед Салах да остане во клубот.

Со месеци се шпекулира за иднината на напаѓачот, бидејќи неговиот договор со Ливерпул истекува во јуни, а тој се уште нема потпишано нов.

Впрочем, речиси ништо не се знае за неговите односи со клупските челници, дали има некаков проблем, или пак му понудиле соодветен договор.

Јирген Клоп даде интервју за германски Скај Спортс, а едно од прашањата беше поврзано со египетскиот фудбалер.

-Се надевам дека ќе остане. Тој е најдобриот напаѓач на Ливерпул во модерната ера. Плус, тој е одлична личност. Најдобриот можен амбасадор за Египет. Плус фантастичен спортист, изјави Клоп. 

Поврзани вести