Skip to main content

Најмалку 15 полицајци убиени во самоубиствен напад на терористичка група во северозападен Пакистан

Freepik

Најмалку 15 полицајци беа убиени во самоубиствен напад врз полициска станица во северозападната пакистанска покраина Хајбер Пахтунхва, што се граничи со Авганистан, јави ДПА, повикувајќи се на официјални лица.

Нападот се случи во округот Бану, каде што терористите доцна во ноќта со автомобил полн со експлозив удриле во полициска контролна станица. По нападот имало интензивна престрелка.

Вооружената група Итехад-ул-Муџахидин ја презеде одговорноста за нападот.

Најмалку 15 полицајци беа убиени, изјави за ДПА регионален полициски службеник. Уште тројца беа ранети во нападот, додаде тој.

Во времето на нападот, на станицата се наоѓаа 18 полицајци.

Силната експлозија доведе до целосно уништување на полицискиот објект, како и до уништување на оклопно возило.(МИА)

Поврзани вести