
Брод се запалил покрај брегот на Катар откако бил погоден од проектил, соопшти утрово британската војска.
Центарот за поморски трговски операции на Обединетото Кралство (UKMTO) објави дека нападот предизвикал пожар на товарен брод и дека пожарот е изгаснат.
Нападот се случил на 43 километри североисточно од главниот град на Катар, Доха, се вели во соопштението, во кое се додава дека нема жртви.
Тоа е најновиот напад врз бродови во Персискиот Залив откако нестабилното примирје ги прекина борбите меѓу САД и Иран.

Македонски



