Skip to main content

Словачките опозициски партии ќе бараат гласање недоверба на владата на премиерот Фицо

Словачките опозициски партии ќе бараат гласање недоверба на владата на премиерот Роберт Фицо, изјави денеска лидерот на најголемата словачката опозициска партија „Прогресивна Словачка“ , Мичел Симечка, цитиран од британските медиуми.

Барањето за недоверба се поднесува откако премиерот Фицо минатиот месец отпатува во Москва на средба со рускиот претседател Владимир Путин.

Роберт Фицо ја заборава Словачка. Наместо да биде во својата земја и да работи на решавање на проблемите, тој патува низ светот и им се поклонува на диктаторите, рече Симечка на прес-конференција.

Поврзани вести