Skip to main content

„Нокаут“ најави фантастично аудиовизуелно шоу за јубилејот: Сцената ќе ја делат со Игор Џамбазов, Дарко Гелев Брејк, Дупер, Дарко Димитров, Дамјан Пејчиновски…

По 30 години постоење на македонската естрада, на 9 мај, во 21 часот, во СЦ Јане Сандански еден од најголемите македонски бендови „Нокаут“ ќе одржат концерт за паметење! Концертниот јубилеј со своите настапи ќе го збогатат и специјалните гости на бендот:  Игор Џамбазов, Дарко Гелев Брејк, Дупер, Дарко Димитров, Дамјан Пејчиновски и уште многу други музички изненадувања. Апелираа публиката да дојде навреме и по можност да избегнуваат да дојдат со возило поради неможноста за наоѓање паркинг место и доцнење на концертот.

Пере и дружината најавија дека ќе ја прошетаат публиката со својата “временска машина“ низ историјата на нивното постоење, преку концертната изведба на нивните најголеми хитови… Од Еј Би Си, Временска машина, Би се викал те сакам, Телефонскиот број не постои, Hi Fi, Мене ми припаѓаш, Сонувам Диско, Илјада причини за крај, Позитиво, Да си тука вечерва, Кога ме сакаш ти, Лебедот бел, Знаеш каде да ме најдеш…..

Возбудата е голема. За прв пат свириме на кружна бина, која ќе биде поставена централно, бидејќи главната цел беше да бидеме поблиску до публиката, рече Пере од „Нокаут“ и посочи дека ова ќе биде вечер на публиката.

Бендот најавува фантастично аудиовизуелно шоу, збогатено со специјални ефекти и „луда“ забава до максимум. Фасцинантната овална сцена, концертен ринг сместен на самиот центар во средината на салата, моќно озвучување кое создава звучна магија, лајт шоу и светлосни ефекти кои приредуваат волшебство од бои и голем лед екран сместен на плафонот од сцената, за прв пат СЦ Јане Сандански ќе го претворат во вистинска музичка арена. Нокаут – 360 степени, концертен спектакл во кој ќе можете подеднакво да уживате со поглед од сите трибини.

Верувам дека она што ќе се случи на 9 мај, на Денот на победата над фашизмот има некаква приказна, симболика. Јас сум еден од ретките кој дваесет години настапувал со „Нокаут“ како седми член на бендот. Драго ми е што ќе свирам со нив и мислам дека ќе биде едно големо шоу. рече Игор Џамбазов.


Она што за многумина е само желба и фатална опсесија, Нокаут се подготвени да ви го претворат во незаборавна импресија.

Чест ми е што сум поканет да бидам дел од јубилејниот концерт на „Нокаут“, ветувам дека ќе направимепозитивен циркуз в сабота, истакна Дарко Гелев Брејк.

Поврзани вести