Skip to main content

Митески: Ново поглавје за ООУ „Гоце Делчев“ во Горно Лисиче

Општина Аеродром

Со поставување на камен-темелник денеска официјално започна реализацијата на уште еден значаен капитален проект во Општина Аеродром – доградба и модернизација на ООУ „Гоце Делчев“ во Горно Лисиче. Оваа инвестиција носи повеќе од нов простор – таа претставува вложување во иднината, во знаењето и во условите во кои растат и се образуваат нашите деца.

На настанот присуствуваа градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски и министерката за образование и наука, Весна Јаневска, кои ја истакнаа важноста од континуирани вложувања во образованието и создавање современи услови за учениците и за наставниците.

Со проектот, училиштето добива ново источно крило од околу 600 м² на приземје и кат, со 6 нови училници и 2 канцеларии. Предвидено е и целосно партерно уредување – нови пешачки патеки, плато за игра со урбана опрема и проширување на паркинг-просторот.

Вредноста на инвестицијата изнесува 73.272.922 денари, а рокот за реализација е 9 месеци.

Овој проект е симбол на грижа, напредок и верба во младите – затоа што секое дете заслужува современи услови за учење, инспирација и развој.