Skip to main content

Последна панел-дискусија во рамки на кампањата „Магијата е во знаењето“

Министерството за образование и наука Ве поканува да присуствувате на последната панел-дискусија во рамки на кампањата „Магијата е во знаењето“, на тема „Училницата на иднината: Вештачка интелигенција, знаење и новата улога на наставникот“.

Панел-дискусијата ќе се одржи утре, среда (06.05.2026 година) со почеток во 11:00 часот во Клубот на пратеници.

На настанот ќе учествуваат министерката за образование и наука Весна Јаневска, Сашо Коцески, професор на Факултетот за информатика при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, Бранислав Геразов, професор на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“, наставничката од скопското ООУ „Љубен Лапе“ Маја Божиновска, Александар Алексовски, професор од СУГС „Марија Кири Склодовска“ во Скопје, како и Александар Чамински од Групација Бреинстер.

На панелот ќе учествува и седумгодишниот Македон Димитровски од Тетово, ученик во Меѓународното училиште НОВА – Скопје, познат на јавноста како исклучително надарено дете со особен интерес за математика и странски јазици, добитник на златен медал на меѓународниот натпревар „Математика без граници“.

Панел-дискусијата има за цел да отвори прашања за примената на вештачката интелигенција во образованието, вложувањето во обуки на наставниот кадар и улогата на наставникот во насочување на учениците низ новите технологии.

Поврзани вести