
Недовербата во праводудството одамна не е перцепција, РЕАЛНОСТ е, пишпува на својот фејсбук профил Митко Чавков.
Сомневања за селективност, притисоци, различни исходи за исти случаи, застарувања со измени на закон, сето тоа го отвара суштинското прашање:
Дали секој во државата имал фер и независно судење?
Затоа е потребен јасен и кредибилен процес за правна верификација на најспорните постапки.
Се разбира, НЕ РЕВИЗИЈА на пресуди, туку проверка дали постапките биле ФЕР, НЕПРИСТРАСНИ и ослободени од влијанија.
Не “судење” на правосудството во целина туку утврдување дали системот во одредени случаи дозволил СЕЛЕКТИВНА ПРАВДА.
Тоа не значи дека ако се утврдат злоупотреби или попречување на правдата, не треба проверка согласно закон во кредибилни постапки.
Оваа не е прашање на минатото.
Оваа е прашање на иднината:
– како да се врати довербата
– како да се воспостават еднакви стандарди
– како да се спречат вакви сомневања повторно да се појават
Затоа е потребен транспарентен процес воден од домашни институции со вклучување на независни експерти со европско искуство како гаранција за непристрасност.
Владеењето на правото се брани со подготвеност да се провери, кога постои сомнеж.
Прашањето е едноставно:
дали правото важи за сите или не?

Македонски



