Skip to main content

Пробајте скандинавски чај: Моќна детокс-напивка која ги прочистува бубрезите и кожата

Unsplash

Дознајте сè за нордиското лате – напивка од коприва која е вистинска ризница на здравјето

Новата здрава напивка која ја освои планетата потекнува од скандинавските шуми, а нејзината главна состојка расте на секој чекор и кај нас.

Што е нордиско лате?
Нордиското лате последниве месеци се појави како напивка што мора да ја пробате. По потекло од северот, оваа темнозелена напивка како во себе да ја носи живата енергија на скандинавските пејзажи. Настанато во духот на шведската култура на бавен и минималистички начин на живот, нордиското лате го црпи својот идентитет од една билка со бројни придобивки – копривата.

Сеприсутна во шведските рурални краишта, копривата е дел и од кулинарското наследство и од традиционалната мудрост, исто како и кај нас. И таму се користи во пролетни чорбички и домашни чаеви, а ценета е поради својот автентичен карактер и природен вкус.

Нордиското лате ја реинтерпретира таа традиција низ современа естетика, претворајќи ја копривата во убав, кадифен прав, кој потоа се меша со топло млеко или растителни напивки.

Повеќе од обичен пијалак, нордиското лате, всушност, го одразува скандинавскиот начин на живот, каде што минимализмот и благосостојбата коегзистираат во совршена хармонија.

Кои се придобивките од нордиското лате?
Помеѓу напивките што ги спојуваат убавината и природата, нордиското лате открива добро чувана тајна – неочекуваните квалитети на копривата, која е клучната состојка. Зад нејзиниот скромен изглед се крие богатство од есенцијални минерали, како железо, калциум и магнезиум, кои придонесуваат за здрав имунитет. Исто така, позната е по количината на витамини, особено А и Ц, кои придонесуваат за природно блескав тен и чувство на внатрешна свежина.

Копривата е добро позната и како билка за детоксикација, особено за бубрезите. Богата е со флавоноиди (молекули кои штитат од оксидативен стрес), што е од големо значење за видливо почиста кожа, поотпорна на предвременото стареење.

Во нордиската традиција, копривата често се поврзува со општиот баланс, односно со обновената хармонија меѓу телото и опкружувањето. Нордиското лате го презема тоа наследство и го преточува во модерна напивка, која истовремено нуди и уживање и корист. Повеќе од тренд, оваа напивка го слави скандинавскиот начин на живот со единствени холистички придобивки.

Извор: Убавина и здравје