
Раководството на Фудбалската федерација на Иран наскоро ќе се сретне со претставници на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) во Цирих, во врска со натпреварите што иранската репрезентација ќе ги игра во јуни во САД во рамки на Светското првенство.
Има многу прашања што треба да се дискутираат“, изјави првиот човек на иранскиот фудбал Мехди Таџ по враќањето од Канада, каде не присуствуваше на годишниот Конгрес на ФИФА што се одржа во Ванкувер во четвртокот.
Генералниот секретар на ФИФА, Матијас Графстром, ја покани иранската делегација во седиштето во Цирих и одреди рок за состанокот најдоцна до 20 мај, јавија светските агенции.
Датумот за состанокот во Цирих е три недели пред иранската репрезентација да пристигне во САД, во нејзината база во Тусон, Аризона, каде што ќе остане пред натпреварите што ќе ги игра во Инглвуд и Сиетл.
Нашиот став е дека наскоро ќе имаме состанок со ФИФА“, изјави Таџ за иранските медиуми.
Според распоредот, фудбалската репрезентација на Иран треба да игра во Инглвуд против Нов Зеланд на 15 јуни и против Белгија на 21 јуни, а треба да ја заврши групната фаза на 26 јуни во Сиетл со натпревар против Египет.

Македонски


