
Тренерот на Барселона, Ханси Флик, најави дека шпанскиот репрезентативец Ламин Јамал, кој во моментов е повреден, ќе биде подготвен за Светското првенство, кое започнува на 11 јуни.
Тој се справува добро со повредата. Мислам дека ќе го видиме на Светското првенство. Има доволно време да се опорави и да се врати, што е она што го сака“, изјави Флик на прес-конференцијата пред натпреварот од Ла Лига против Осасуна.
Осумнаесетгодишната ѕвезда на Барселона го повреди мускулот на левата нога на 22 април на прволигашкиот натпревар против Селта.
Следниот ден, Барселона објави дека Јамал, кој постигна 24 голови во сите натпреварувања оваа сезона, ќе го пропушти остатокот од сезоната, но оти треба да биде подготвен за својот прв настап на Светското првенство ова лето.

Македонски


