Skip to main content

ДУИ: Вреди денес сам ја разоткри шемата на МЕПСО

Вреди денес сам ја разоткри шемата на МЕПСО Во обид да го прикријат скандалот во МЕПСО, денес направија уште една грешка: сами ја открија шемата, се вели во партиско соопштението од ДУИ.

Колку повеќе зборуваат, толку повеќе излегуваат на виделина врските. Ова веќе не е прашање на мислења, туку синџир на одлуки што предизвикал штета за државата.

По заминувањето од МЕПСО, Куштрим Рамадани се појавува како директор во компанијата за греење во Чаир. Набргу потоа, компанијата преминува во приватна сопственост, кај лица блиски до Изет Меџити.

Тука е суштината.

Кои се овие сопственици – со име и презиме?
Како влегле во оваа компанија?
Каква улога имале во овој тек на одлуки?

Дали се поврзани со поништувањето на договорот со Енергоинвест?
Дали се поврзани со компанијата од Бања Лука која заврши со договор со МЕПСО?

Ова не се инсинуации – ова се директни прашања.

Зашто едно е јасно: на граѓаните им останува сметка од милиони евра.

А кога има јавна штета, има и одговорност.

Обвинителството треба да го следи целиот синџир:
од одлуката за поништување, до промената на сопственоста, па сè до изборот на новата компанија.

Некој профитирал. 

И тој (некој) треба да излезе со име“, се вели во соопштението на ДУИ.

Поврзани вести