
СОСТОЈКИ:
Основа:
400 гр мелени бисквити
Advertisement
200 гр стопен путер или маргарин
100 мл млеко или сок
Фил (основа):
reklama
500 мл слатка павлака
200 гр шеќер во прав
400 гр кисела павлака
Подлогата се дели на два дела:
Прв дел: 300 гр овошје по ваш избор (најдобро јагоди) и 150 гр мелени бисквити.
Втор дел: Светло овошје (3 до 4 банани) и 150 гр кршен „Орео“ бисквит.
ПОДГОТОВКА
Во сад измешајте ги мелените бисквити, стопениот путер и сокот (или млекото). Смесата убаво израмнете ја на дното на тркалезен калап.
Подгответе го кремот. Изматете ја слатката павлака со шеќерот во прав, па нежно со шпатула додајте ја киселата павлака. Смесата со павлака поделете ја на два еднакви дела. Во првиот дел додајте ги јагодите и мелените бисквити, па премачкајте преку основата во калапот.
Во вториот дел од филот додајте ги сечканите банани и искршените „Орео“ бисквити. Овој фил нанесете го врз првиот.
Декорирајте ја тортата по сопствена желба и оставете ја во фрижидер неколку часа убаво да се стегне пред сервирање.

Македонски


