Skip to main content

Американските нафтени гиганти се противат на барањето од Трамп да го зголемат производството

Freepik

Најголемите американски нафтени компании, „Ексон“ и „Шеврон“, се спротивставуваат на притисокот од претседаелот Доналд Трамп да го зголемат производството на нафта за време на сегашната глобална енергетска криза.

Според „Фајненшл тајмс“, и покрај наглиот пораст на цените по војната со Иран, обете компании велат дека нема да ги променат своите стратегии, кои се фокусираат на долгорочна добивка и паричен тек, наместо на брзо зголемување на производството.

Раководителите на нафтените компании тврдат дека прекините во снабдувањето се премногу краткорочни за да оправдаат големи промени и дека производството не може брзо да се зголеми во никој случај.

Поврзани вести