
Денеска во Министерството за одбрана ги отворивме билатералните македонско-американски одбранбени консултации со делегацијата од САД, предводена од заменикот-помошник секретар во Пентагон, Дејвид Бејкер и вршителот на должност амбасадор, Никол Варнс.
Го потврдивме долгогодишното пријателство и стратешко партнерство меѓу двете земји, со заедничка посветеност кон зајакнување на безбедноста и стабилноста, како и кон унапредување на одбранбената соработка преку нови иницијативи и инвестиции.
Нашето партнерство се темели на меѓусебна доверба и силна соработка, кои се клучни за справување со современите безбедносни предизвици.
Благодарност до САД за континуираната поддршка. Заедно продолжуваме да инвестираме во стабилноста, безбедноста и сигурната иднина за нашите граѓани.

Македонски


