Skip to main content

Симеоне и Атлетико рушат рекорди

Диего Симеоне проговори за тоа како напредува тимот на Атлетико по двата последователни октомвриски порази од Лил во Лигата на шампионите и Бетис. Веројатно не веруваше дека во следните 14 натпревари ќе бележи само победи и ќе постави нов клупски рекорд. Последниот против Осасуна (1:0) ги искачи на првото место во Ла Лига на половина пат од натпреварувањето.

-Оваа победа е важна за растот на клубот, за моментот низ кој минуваме. Важно е да сме свесни каде сме, што игра тимот и низ што треба да поминеме за да ги оствариме нашите цели. Без понизност, скромност и труд, никаде не се оди, истакна Симеоне.

Според него, фудбалот е игра на детали.

-Видовме ситуации кога Осасуна бранеше по корнер и решивме да го испробаме потегот. Испадна совршено. Секој детал е важен, тој гол не стави во привилегирана позиција, заклучи аргентинскиот стручњак.

Хулијан Алварез повторно беше „х“ факторот за Атлетико. Гол достоен за рекорд и прво место во Примера.

-Многу сме среќни, завршивме одлична работа во овој период. Сепак, би сакал да останеме скромни, да работиме понизно бидејќи само така ќе дојдат поголеми работи, изјави Аргентинецот.