
Од 16 до 22 април во Битола и битолско, ќе се случи најновото, петто издание на Фестивалот на малата школа за краток филм. Станува збор за меѓународна соработка меѓу Франција и Македонија. Имено, здружението Аје Аје ВО/Фиф ( AYE AYE VO/FIF) секоја година кон крајот на јуни и почетокот на јули го организира Меѓународниот филмски фестивал во Нанси, а во текот на целата година спроведува афирмација на кинематографијата кај младите, но и едукација од исата област. Здружение, веќе 21 година го организира Фестивалот малата школа за краток филм кој годинава ќе пречека околу илјада деца во Нанси и над двесте и четириесет деца во Везелизе. Во Македонија пак благодарение на Тони Гламчевски, инаку постојан дописник на „Нова Македонија“ од Франција, и годинава светската продукција на краток филм од млади и за млади ќе биде прикажана и доближена пред голем број деца.
Програмата ќе вклучи сесии за прикажување на кратки филмови проследени со дебати, разновидни филмови по форма и по содржина, од различно географско потекло, како и долгорочни сесии, исто така адаптирани на возраста на публиката.

Македонски


