Проф. д-р Марија Срцева, професор на Медицинскиот факултет во Скопје и директорка на Клиниката за ТОАРИЛУЦ е дел од интернационалниот научен одбор на ERAS Istanbul 2025 – Меѓународна конференција за пoбрзо опоравување после операција.
На овој врвен настан, кој ќе се одржи од 18-21 септември 2025 година во Истанбул, ќе присуствуваат водечки светски експерти и научници од областа на анестезијата, интензивната нега и кардиохирургијата. Оваа конференција ќе обедини медицински професионалци од различни континенти со заедничка мисија – подобрување на здравствените резултати и унапредување на медицинските практики на глобално ниво.
Со гордост своето знаење и искуство во светски рамки како дел од интернационалниот научен одбор ќе го пренесеме во Македонија. Посебно сум горда што од Македонија на моја иницијатива се обучени најмалку 40 здравствени работници од васкуларна хирургија, кардиохирургија, кардиологија и анестезија. Заедничка наша цел е да се направи и задржи мрежата на научници и клиничари од целиот свет, да се примени глобалното знаење во локални услови, да се дознае од локалните услови во глобалното сознание за одредена земја во регионот и да се направи мултидисциплинарен пристап кон третирањето на пациентите. Нашата мисија е да ги мотивираме младите колеги и специјализантите да одат напред на сите тие конгреси и несебично ги делиме контактите со нив – вели проф.д-р Срцева. Инаку, конгресот е во организација на светски здруженија кои работат на мултидисциплинарен пристап во кој токму проф.д-р Срцева е академски контрибутор.