Облачно и студено насекаде со врнежи од снег, а на места, особено во западните делови ќе бидат обилни (локално над 40 л/м2), информира Управата за хидрометеорологија. На повеќе места ќе се формира снежна покривка, а на планините значително ќе се зголемува (локално и над 50 см). Позначителна снежна покривка (над 20 см) ќе се формира и во југозападните делови. Поради ниските температури и засилениот северен ветер ќе има појава на голомразица и снежни наноси. Во Скопје ќе биде облачно и студено со врнежи од снег, повремено пообилни. Снежната покривка ќе се зголемува. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Метеопрогнозерот, пак, Славчо Попоски најавува силен мраз цела наредна недела со температури кои ќе се спуштат и под -15 степени.