Skip to main content

АВМУ со реакција на изјавата на Венко Филипче за ТВ „Алфа“

Агенција за аудио и аудиовизуелните медиумски услуги (АВМУ) изрази загриженост во врска со изјавата на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во која беа изнесени обвинувања и квалификации за наводна политичка и финансиска зависност на ТВ „Алфа“.

Од Агенцијата посочуваат дека јавното етикетирање и инструментализација на медиумите во политички конфронтации не е во согласност со демократските принципи, ниту со гарантираната слобода на изразување.

Според АВМУ, апсолутно е недозволиво носител на јавна функција да користи дискредитирачка реторика, која придонесува кон поларизација во медиумскиот простор и може да ја наруши довербата на јавноста во медиумите.

Во реакцијата се нагласува дека доколку постојат сомнежи за евентуални незаконитости или нерегуларности во работењето на медиумите, наместо преку јавни обвинувања или политички квалификации, тие треба да се изнесат пред надлежните институции за понатамошно постапување.

Од Агенцијата за аудио и аудиовизуелните медиумски услуги ги повикуваат сите политички субјекти да се придржуваат кон одговорна и конструктивна комуникација и да се воздржат од изјави што може да ја нарушат довербата во медиумите или да создадат притисок врз нивното работење.

Поврзани вести