
Денес, првата издавачка куќа во самостојна Македонија, „Матица македонска“ почнува нова акција за поголема достапност на книгите до читателите – „Априлско размистување“. Со попусти до 80 проценти, во книжарницата на „Матица“ и онлајн, од денес, достапни се над 300 наслови, меѓу кои и најбараните книги последниве години, нови наслови во превод на македонски јазик што важат за дел од највредното во книжевната продукција во светот, книги од македонски автори и уште многу други категории изданија што треба да ги има во секој дом.
Акцијата се остварува по барање на читателите, по големиот интерес за зимската, традиционална акција „Книга во секој дом“. По повод 35-годишнината од своето формирање, „Матица“ е со јасна определба – постојано да јазасилува својата мисија книгите да се достапни до секој македонски читател, и тоа подеднакво – и квалитетните преводи од највредното од светската книжевност, и македонските автори.
– Почнува период што љубителите на книгата добро го препознаваат — време кога изборот станува побогат, а цените значително пониски. ва е момент кога вреди да се разгледува внимателно, но и да се реагира навреме — бидејќи дел од изданијата ќе бидат достапни во ограничени количини, бидејќи се и пред исцрпувње, но наша цел е да се достапни до вистинските читатели, порачуваат од „Матица“.
„Замир“, „Куќата покрај фјордот“, „Клетата“, „Покајание“, „Империја на страсти“, „Момент на неизбежното“ и „Страниците што недостигаат“ се само дел од насловите од најновата продукција што се опфатени со „Априлско разлистување“, а во текот на акцијата се очекува да бидат објавени и неколку исклучително вредни, нови дела, и од значајни македонски автори, со оглед на определбата на „Матица македонска“ да го афирмира највредното од и за македонската книжевност.
Изданијата што се опфатени со „Априлско разлистување“, веќе се достапни како дел од акцијата и на веб-страницата на „Матица“, а и вратите на книжарницата се ширум отворени за сите што сакаат да разлистаат и да ја збогатат својата библиотека оваа пролет. Затоа што и оваа акција се остварува пред сѐ за книгата да е достапна до оние што се најважни – читателите.

Македонски


