Skip to main content

Велигденска забава за сите генерации во Градски парк

Во духот на најголемиот христијански празник, во Градскиот парк во Скопје се одржа Велигденска забава, организирана од ХУ „Св. Спас“ од Драчево, со поддршка на Град Скопје.

Како што објави градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски, настанот бешр посветен на афирмирање на хуманоста, солидарноста и заедништвото како темелни вредности што нè поврзуваат и обединуваат, особено во денови исполнети со вера, надеж и љубов. 

Во празнична атмосфера, забава е подготвена за сите генерации, збогатена со настапи на наши познати македонски изведувачи. Нека овој ден биде потсетник дека вистинската радост се множи кога се споделува, а празничниот дух станува уште посилен кога сме заедно, со отворено срце и добра мисла за секого“, објави Ѓорѓиевски на Фејсбук.