Skip to main content

Раст на цената на нафтата по американската најава за блокада

Freepik

Цената на нафтата забележа значителен раст во раното тргување на пазарите, откако Соединетите Американски Држави соопштија дека од денеска воведуваат блокада на иранските пристаништа.

Котирањето на американската сурова нафта пораснаа за осум отсто, на 104,24 долари за барел, додека нафтата од типот „брент“ поскапе за седум проценти и достигна цена од 102,29 долари.

Во текот на војната со Иран, цената на нафтата „брент“ варираше драстично, достигнувајќи во одредени моменти и над 119 долари, по почетните 70 долари пред конфликтот во февруари.

Иран фактички ја контролира Ормуска Теснина, која е клучен воден пат за глобалниот транспорт на нафта. Централната воена команда на САД соопшти дека блокадата на иранските пристаништа ќе важи за сите пловила, без разлика на земјата на потекло, доколку влегуваат или излегуваат од иранските пристаништа или крајбрежните зони, вклучително и оние во Персискиот и Оманскиот Залив.

Поврзани вести