Skip to main content

Ѓорѓиевски: Воскресението е темелот врз кој се гради нашата вера, нашата сила и нашата иднина

Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски по повод големиот христијански празник Велигден, им посака на верниците среќни празници, среќа, здравје и љубов во нивните домови.

-Ова се празници кога и смислата на нашето постоење се гледа преку овој празник, но и суштината на нашиот живот, моменти кога треба да се обединиме како народ, изјави Ѓорѓиевски по утринската богослужба во Соборниот храм во Скопје.

Градоначалникот, кој синоќа присуствуваше и на вечерната богослужба во Соборниот храм каде беше објавено Христовото Воскресение, порача дека Велигден потсетник дека Воскресението е темелот врз кој се гради нашата вера, нашата сила и нашата иднина.

-Денес го славиме животот, победоносен, светол и вечен, затоа што Тој со Својата жртва ја победи смртта и ни подари надеж што никогаш не згаснува. Нека овој животворен ден биде потсетник дека Воскресението е темелот врз кој се гради нашата вера, нашата сила и нашата иднина. Во Неговата светлина, сѐ добива нова смисла, сѐ станува поубаво, подлабоко и повеличенствено. Да ја прегрнеме Пасхалната радост со отворено срце, да ја почувствуваме нејзината сила и да дозволиме светлината на Воскресението да нè води кон љубов, кон мир и кон вистинска духовна исполнетост. Честит Велигден! Да сте здрави, живи и благословени!, објави синоќа Ѓорѓиевски на неговиот Фејсбук профил.

Поврзани вести