Skip to main content

Крушево се наполни за Велигден

Крушево е веќе резервирано за Велигденските празници. Околу 2 000 гости и туристи, претежно домашни, ќе ги поминат празниците во историско и туристичко Крушево кое од лани е на листата на 100 топ светски дестинации во зелената агенда. Градот ги нуди културата, историјата, традицијата и природните убавини. 

-Моментално имаме најава за доста добра туристичка сезона во Крушево. Капацитетите за Велигденските празници во приватниот сектор се речиси исполнети. Тоа ни дава доста добар знак за една добра летна сезона што ни претстои. Лани Крушево влезе во 100 топ приказни во светот, како зелена дестинација нудиме многу активности за домашните и за странските туристи, меѓу кои е и целокупното културно наследство. Главна активност е параглајдингот што го нудиме, планински велосипедизам, тури со планинарење, пешачење, посета на музеи, работи адреналинскиот парк, вели ЛеонораТашкоска Крстеска, приватни туристички капацитети од Крушево.

И крушевските капацитети се целосно резервирани  главно со гости од Македонија.

-Нашите хотелски капацитети во хотелите „Монтана“ и „Панорама“ се веќе распродадени за Велигденските празници. Околу 90 проценти од гостите се домашни и обично, за продолжениот викенд, и за Велигден се бара место повеќе.  Има одлични услуги во хотелите, а на располагање е адреналинскиот парк, па прошетките и можностите да се направи пикник со скара. Се зависи од временските прилики, вели Љубица Степаноска, хотелски менаџер од Крушево. 

Богатата посетеност и понудата за Велигден  најавуваат плодна пролетна и летна туристичка сезона, пред се, за адреналинските спортови.

Зголемениот број гости и туристи за Велигденските празници ја најавува туристичката сезона оваа пролет и во летото. Околу 2 000 легла во Крушево се исполнети, се бара место повеќе. Оваа година туристичката понуда е зголемена. Нудиме многу настани кои започнуваат од Велигден па траат преку целото лето, изјави Наташа Попакоча, од локалната самоуправа – Крушево.

Крушево останува привлечна дестинација за гостите и туристите

Поврзани вести