
Врховниот лидер на СДС, Заев и неговиот чувар на фотелјата Филипче должат одговори дали бил договорен процент од продажбата на станбените единици на Дака во Тетово, стои во партиското соопштение од денешната прес-конференција на пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, што МИА го објавува интегрално.
200 милиони евра ќе заработел Дака, благодарение на промената на детално урбанистичкиот план во Тетово кој СДС и ДУИ го носат ден по формирање на владата во 2020 година.
4 милиони евра заработил Заев за да му овозможи на прорускиот бизнисмен Дака да гради бетонска џунгла, се вели во аудио снимките на кои Дака и посредникот на Заев, Кичеец разговараат во детали.
Затоа, СДС, Заев и Филипче се должни да одговорат дали бил договорен и процент од продажбата на становите кои во тоа време биле проценети на 200 милиони евра?
Кога станува збор за криминал и корупција, СДС, Заев и Филипче се спремни да направат се, само да го наполнат сопствениот џеб.

Македонски


