Skip to main content
СТАВ НА ВМРО-ДПМНЕ

Се јави чуварот на фотелјата во СДСМ

Се јавија од СДС, поточно раководството предводено од чуварот на фотелјата во партијата Венко Филипче, загрижени за граѓаните и нивниот стандардот.Еве ќе ги потсетиме кратко што се презема по случувањата на Блискиот Исток. Тоа е мерката за намалување на ДДВ за нафтените деривати од 18 на 10 проценти, потоа одлуки за нивелирање на акцизите за дизел горивата и бензините, велат во ВМРО-ДПМНЕ.

Дополнително, континуирано се следи ситуацијата на енергетските пазари и се прават анализи со цел да се предвидат движењата на цените на горивата. Согласно последните пресметки откако вчера берзите затворија  направена е пресметка и се очекува да се донесе одлука за намалување на дизел горивата, односно на бензините.

Оттука, мекото ткиво на македонската идентитетска политика олицетворено во Филипче нека не се грижи за граѓаните и за државата воопшто.

Сега Филипче има друга работа пред себе, а тоа е да си ги консолидира редовите во СДС.

Поврзани вести