Институтот за испитување на јавното мислење „Галуп“ објави анкета која, меѓу другото, дава покаатели за ставовите на американските граѓани за иднината на нивната земја.
Анкетата покажува прилично мрачна слика – само 19% од Американците веруваат дека земјата се движи во вистинската насока.
Демократите, по правило, како главен проблем го именуваат избраниот претседател Доналд Трамп, додека републиканците се позагрижени за илегалната имиграција, а испитаниците од двете партии сè уште се загрижени за високата инфлација.
Тоа покажува дека главниот проблем за Американците се уште е економијата и далеку од сигурно е дека Трамп ќе може да ги задоволи двете страни и да воспостави ред во оваа област.
Во првите три години од неговиот претходен претседателски мандат, економијата покажа умерен раст и пад на невработеноста. Сепак, пандемијата на коронавирус доведе до значителен економски пад, поништувајќи ги достигнувањата од претходните години.
Дополнително, даночната реформа и трговските војни го зголемија буџетскиот дефицит и националниот долг. А, со оглед на тоа што во текот на 2024 година Трамп и се закануваше на Кина со нови трговски војни во случај на негова победа, Американците можеби никогаш нема да ја видат посакуваната економска стабилност.