Skip to main content

Бензинските пумпи во Франција останаа без гориво утрово

Околу 18 проценти од бензинските пумпи во Франција останаа без барем еден вид гориво утрово, изјави портпаролката на владата и министерка за енергетика Мод Брежон.

Според неа, 83 проценти од погодените станици биле станици на „ТоталЕнерџис“, кои во оваа ситуација ги ограничија цените на горивата на 1,99 евра за литар бензин и 2,09 евра за литар дизел, објави порталот „BFM TV“.

Брежон најави дека францускиот премиер Себастијан Ле Корну ќе претстави „нов пакет помош“ за гориво во наредните денови, но прецизираше дека помошта нема да биде универзална и дека нема да има замрзнување на цените.

Брежон рече дека пакетот ќе вклучува специфични мерки за помош на потрошувачите погодени од моменталната состојба на пазарот на горива.

Поврзани вести