
Македонскиот кошаркарски репрезентативец Ненад Димитријевиќ имаше одличен натпревар во победата 85:80 на Баерн синоќа на гостувањето против Виртус Болоња во Евролигата.
Димитријевиќ мечот го заврши со „дабл-дабл“ ефект од 11 поени и 10 асистенции.
Резултати на натпреварите во Евролигата одиграни синоќа:
Хапоел Тел-Авив – Фенербахче 95:80
Жалгирис – Дубаи 65:77
Црвена ѕвезда – Париз 94:81
Олимпијакос – Реал Мадрид 102:88
Барселона – Панатинаикос 79:93
Валенсија – Милано 102:96
Виртус Болоња – Баерн 80:85
Басконија – Макаби Тел-Авив 101:98.
Лидер на табелата е Олимпијакос со 24-12 (победи-порази), пред Валенисја и Фенербахче кои имаат ефект 23-13

Македонски


