Skip to main content

Неодолива торта од морков, идеална за Велигден 

Состојки:
Пандишпан:

  • 300 г обично брашно
  • 250 г шеќер
  • 2 лажички цимет
  • 2 лажички прашок за пециво
  • 1 лажичка сода бикарбона
  • 180 мл масло
  • 120 г грчки јогурт
  • 4 јајца
  • 100 г ореви
  • 450 г моркови
  • рендана кора од еден портокал

Крем:

  • 450 г крем сирење
  • 250 г слатка павлака
  • 150 г омекнат путер
  • 150 г шеќер во прав
  • рендана кора од еден портокал

Подготовка:
Загрејте ја рерната на 180 степени. Ситно исечкајте ги морковите и сомелете ги оревите. Потоа во сад измешајте ги циметот, прашокот за пециво, солта, содата бикарбона и брашното. Одделно, изматете ги јајцата со шеќерот и додадете го јогуртот, маслото и кората од портокал. Потоа измешајте ги сувите состојки во смесата од јајца, потоа додадете ги оревите и морковите и добро изматете. Поделете ја смесата на три еднакви дела. Истурете ја смесата во плех обложен со хартија за печење и истурете го првиот дел од смесата. Печете околу 35 минути, во рерна претходно загреана на 180 степени. Повторете го процесот уште два пати. Потоа оставете ги пандишпаните да се изладат. Изматете го омекнатиот путер со крем сирењето. Потоа додадете ја слатката павлака, шеќерот во прав и кората од портокал и добро измешајте. Поделете го кремот на три еднакви дела. Наредете го колачот по следниот редослед: кора-крем-кора-крем-кора. На крај, премачкајте го последниот дел од кремот врз целата торта. Најдобро е да го оставите во фрижидер преку ноќ.